Во пожар до темел му изгоре вилата од 4,5 милиони долари (Видео)

Американскиот голфер Дејвис Лов го снајде голема несреќа, откако неговата вила се запали и изгоре до темел. Среќа во несреќа е што голферот, а и неговите најблиски останале неповредени.

Засега не се знае причината за пожарот, а оганот кој многу брзо се проширил ја зафатил целата вила, па ни пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот не успеале да ја спасат.

„Иако сме сите тажни поради тоа што го загубивме домот во кој имавме толку многу неверојатни спомени, но во исто време сме и благословени што сите сме добро и што не сме повредени“, напиша голферот, кој во кариерата има заработено 45 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести