Во 20-те тимови од англиската Премиер лига нема ниту еден позитивен тест на коронавирус, а тестирани беа над 1.130 фудбалери и претставници на тренерските штабови. Ова беше четврто тестирање, а тестирањето е направено на 28 и 29 мај. На претходното тестирање, имаше позитивен по еден играч од Борнмут и Вотфорд, но сега и тие двајца се здрави и кај нив не е пронајден вирусот. Вкупно на сите претходни три тестирања, имаше 12 заразени.
Очекувањата се сезоната да продолжи на 17-ти јуни, останаа за доигрување уште 92 меча. Ќе се игра без публика, а по барање на полицијата, одреден број натпревари ќе се играат на неутрален терен. Пред да почне рестартот на сезоната, во секој клуб ќе се направат уште по 60 теста.
За разлика од Премиер лигата, во Чемпионшип има 10 позитивни тестови.