Во пресрет на финалето во кое не е фаворит, Ѓоковиќ се огласи со емотивна порака

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се избори за првото олимписко финале во кариерата, откако славеше со 2:0 во сетови против Лоренцо Мусети. Ѓоковиќ кој е рекордер по бројот на освоени гренд-слем титули, никогаш не бил олимписки шампион, а сега ја има последната шанса. Во финалето, Ѓоковиќ ќе игра против Карлос Алкарас, а коефициентите велат дека Шпанецот е фаворит за освојување на златниот медал.

Популарниот Ноле беше пресреќен што успеа да стигне до финалето, кое му гарантира најмалку сребрен медал, а потоа се огласи на социјалните мрежи.

„Долго време сонував да се борам за златото на ЛОИ во боите на мојата земја. Голема чест и привилегија е да се преставува својата земја. Србија во недела ќе се радува на медал“, порача Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

- Оглас -

Најнови вести