Во пресрет на зимските подготовки: Работнички доведе петмина нови фудбалери

Екипата на Работнички денеска ги промовираше петтемина нови фудбалери кои во продолжување од сезоната ќе го носат „црвено-белиот“ дрес. Во пресрет на зимските подготовки, во тимот на тренерот Александар Влахо ќе се приклучат Марио Станковски и Андреј Лазаров, кои се повратници во клубот. Станковски настапуваше во Борец, а Лазаров доаѓа од тимот на Тиквеш.

Нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, како и Андреј Кировски од Силекс. Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски во офанзивниот ред.

По досега одиграните 18 меча, Работнички има пет победи, дури девет нерешени резултати и само четири порази. Со 24 бода, Работнички ќе презими на седмото место на табелата. Фудбалскиот шампионат во Македонија ќе продолжи на 14 февруари, кога Работнички ќе гостува во Струмица на Академија Пандев.

 

- Оглас -

Најнови вести