Во претходните шест години, Ливерпул со Клоп никогаш не бил толку слаб

Ливерпул остана на само две победи по седум одиграни меча во Премиер лигата и со само 10 бода е на деветото место на табелата. Од можните 21 бод, тимот на Јирген Клоп успеа да „прокоцка“ дури 11 бодови, па затоа не е случајно заостанувањето зад лидерот Арсенал, кој има 21 бод од осум кола.

За Клоп ова е седма сезона како предводник на Ливерпул и досега никогаш не се случило до 1 октомври гигантот од Енфилд роуд да има загубено двоцифрен број на бодови.

Во првата сезона под водство на Клоп Ливерпул до 1 октомври имал загубено 5 бодови, а во втората седум бода помалку од перфектниот биланс што можел да го има.

Во третата сезона само два бода не успеал да освои Ливерпул до 1 октомври, додека во четвртата и петата сезона тимот на Клоп победувал на сите дуели што ги играл до 1 октомври.

Минатата сезона Ливерпул имаше киксови поради кои остана без четири можни бодови, а сега тоа салдо на загубени бодови до 1 октомври е дури 11 бодови, односно за прв пат има повеќе „пропуштено“ бодови отколку освоени (10 бода).

- Оглас -

Најнови вести