Во Приштина како да се подготвува војна откако пристигнаа Израелците, кои упатија порака: „Никој нема да нѐ сопре…“

Фудбалската репрезентација на Израел пристигна во Приштина за да го одигра заостанатиот меч од квалификациите за Европското првенство 2024 година против Косово. Безбедносните мерки за овој меч се подигнати на неверојатно високо ниво.

Наоружани војници и полицајци го чуваат хотелот во кој се сместени Израелците и безбедноста е на највисоко ниво.

Овој меч меѓу Косово и Израел требаше да се игра минатиот месец, но беше одложен порди започнување на воениот конфликт меѓу Израел и Палестина. Сега, Израелците ќе треба да одиграат четири квалификациски дуели во само 10 дена, а на пат од Тел Авив кон Приштина, покажаа снимка како мора да бегаат од автобусот поради опасност за воздушен напад на главниот град на Израел.

Покрај видеото на кое се гледа како фудбалерите на Израел бегаат во засолниште покрај патот, стои и пораката која вели „Ништо не може да нѐ сопре на патот до ЕП 2024“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести