Во Прва лига “се знае” победникот, „лудница“ е табелата во Втора лига

Денеска стартуваат возбудувањата во 21 коло на Прва фудбалска лига на Македонија со дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи. Во есенскиот дел од сезоната Стружани беа само на еден бод зад лидерот Вардар, но многу лошо го започна вториот дел од првенството, па во првите пет меча нема ниту една победа (три реми и два порази). Затоа Струга сега веќе доцни осум бодови зад лидерот Вардар и го загуби чекорот за првото место.

Сепак, денеска е дојден денот конечно Струга ТЛ да се израдува прв пат во 2026 година затоа што играат на домашен терен и тоа против фенерџијата Шкупи. Чаирчани се заковани на дното со само еден бод и јасно е дека Струга е огромен фаворит за победа.

Попладнево ќе се играат и седум натпревари од Втора лига. Таму табелата покажува дека е многу повозбудливо. Од првопласираниот Охрид до осмиот на табелата а тоа е Осогово, разликата е само осум бодови, а секој клуб од тој што е под него има само еден бод предност. Лидрот Охрид треба да има најлесна задача затоа што дома игра против Победа која едвај успеа да собере сили да го доигра првенството.

Во втора лига денеска ќе играат: Детонит Плачковица – Беласица, Скопје – Осогово, Каменица Саса – Вардар Неготино, Новаци – Брегалница, Охрид – Победа, Преспа – Кожуф Гевгелија и Слога Виница – Тетекс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести