15.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Во првиот дел имаше десет интервенции: Херонимо Рули одбрани сѐ, но не можеше и двата пенали на Мбапе

Реал Мадрид со многу мака успеа да го победи Олимпик Марсеј со 2-1 на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, а првото полувреме ќе остане запаметено по историскиот настап на голманот на францускиот клуб.

Херонимо Рули имаше неверојатни 10 одбрани во првото полувреме, на крајот заврши со 13 одбрани, а единствено не успеа да ги одбрани двата удари на Килијан Мбапе од белата точка, со кои Кралевите и стигнаа до триумфот.

Сепак, аргентинскиот голман блескаше на голот, посебно во првиот дел, кога и запиша неверојатни десет одбрани, бројка која претставува апсолутен рекорд во историјата на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести