Во првиот меч за новиот клуб Јовиќ даде повеќе голови отколку во 51 натпревар во дресот на Реал Мадрид

Лука Јовиќ летово реши да си замине од Реал Мадрид и потпиша за Фиорентина. Српскиот репрезентативец во дресот на италијанскиот калчолигаш денеска го имаше дебито и тоа на најдобар можен начин.

Во пријателски меч против нисколигашот Реал Виченца, Јовиќ влезе на почетокот на второто полувреме и за само 45 минути на теренот постигна четири голови.

Јовиќ минатата сезона во дресот на Реал одигра 19 меча и постигна само еден гол за 549 минути поминати на теренот. Србинот во дресот на Реал Мадрид одигра 51 меча и даде само три гола. Сега за само едно полувреме даде повеќе погодоци отколку за три години во Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести