Во првите пет лиги во Англија, лидери се тимови со прва буква Л

Ливерпул, Лидс, Лутон, Линколн и Лејтон ориент се имињата на клубовите кои се на првите позиции во петте најдобри фудбалски лиги во Англија. Веднаш може да се забележи дека заедничко за сите овие тимови е што првата буква од името им е Л.

Во англискиот јазик, буквата Л во сленг се користи во негативна конотација, многу лузери (губитници) ги викаат Л, но се покажува дека во петте најсилни фудбалски лиги во Англија буквата Л не значи губитници, туку напротив, носи прво место и Л може да се користи за лидери.

По синоќешниот кикс на Манчестер сити, Ливерпул вечерва има шанса да го искористи тоа и со победа над Лестер да се одвои на големи седум бода предност во однос на ривалот, па со тоа да има предност која не би требало да ја испушти до крајот на сезоната. Ова што сите лидери во петте лиги се на буквата Л, во Ливерпул го сфаќаат како порака од „горе“ и убедени се дека тридецениското чекање премиерлигашка титула конечно ќе им заврши за некој месец.

- Оглас -

Најнови вести