17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Во ПСЖ биле незадоволни од арогантниот Рамос

Во Пари Сен Жермен биле незадоволни од арогантното однесување на нивниот нов член Серхио Рамос, тврдат некои шпански и француски медиуми.

Наводно, на парижаните не им се допаѓало што 35-годишниот Шпанец бил арогантен во однесувањето кон вработени во клубот и за себе често кажувал дека е многу убав. Се оди дотаму што се најавува дека ако Рамос не го смени односот, наводно Маурисио Покетино нема да му гарантира место во почетниот состав, каде што ривали му се Маркињос и Кимпембе.

„Рамос е ѕвезда, но има играчи кои се со уште поголем ѕвезден статус од него, а и веќе не е капитен“, рекол извор близок до францускиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести