Во ПСЖ четворица членови биле заразени со корона-вирус, сега сите се здрави

ПСЖ соопшти дека четворица членови биле заразени со корона-вирусот во изминатиот период, но поминале без проблем и сега се здрави. Клубот не ги откри имињата, но се знае дека се работи за тројца фудбалери и еден член на стурчниот штаб.

Светците од вчера ги почнаа подготовките за стартот на новата сезона, односно за продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите, каде што ПСЖ веќе е четвртфиналист откако ја елиминираа Борусија Дортмунд.

Инаку, ПСЖ ја доби титулата во Франција откако челниците на Лига 1 одлучија да ја откажат сезоната уште во април наместо да чекаат пандемијата со корона-вирусот да се смири и да продолжат со натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести