15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Во ПСЖ им се крева косата кога ги гледаат овие фотографии

Уште кога замина од Париз и одлета во Бразил, се знаеше дека контроверзниот Нејмар сака да избегне седење во карантин две недели и повеќе, а сега има и доказ дека за него зборот изолација не постои.

Нејмар не се крие, и се појави на фотографии од плажа, на кои се гледа дека тој воопшто не се грижи за мерките против коронавирусот, и си седи на плажа, игра фудбал на песок и не држи растојание со пријателите.

Истотака, бразилските медиуми пишуваат и дека Нејмар бил видел во шопинг центар, со полни раце со торби. Се очекува реакција од клубот ПСЖ за ова најново од серијата непочитувања на правилата од страна на најскапиот фудбалер на светот.

- Оглас -

Најнови вести