Во ПСЖ има нов случај Нејмар: Најголемиот талент на Барса се кае што си отиде од „Камп ноу“

Чави Симонс на 16 години ја прифати понудата на Пари Сен Жермен да потпише договор до 2024 година, со годишна плата од еден милион евра. Талентираниот тинејџер до неодамна велеше дека негов сон е да заигра со Лионел Меси во тим, но сепак ја прифати понудата од францускиот првак  и замина во Париз.

„Меси е најдобар фудбалер во светот и, секако, сите сонуваат да играат со него. Сепак, понекогаш треба да се одбере друг начин. Решив да започнам нова авантура и мислам дека тоа е добро за мојот развој. Играм за тимот до 19 години, со играчи кои имаат по 19 години. Беше тешко на почетокот бидејќи тие се физички многу посилни. Сега се навикнав на тоа ниво и се чувствувам добро. Еднаш дури тренирав и со првиот тим и бев многу среќен поради тоа“, рече на почетокот од сезоната талентираниот Симонс.

Сепак, според информациите на Кадена СЕР, младиот Симонс веќе жали што си заминал од Барселона. Дури се споменува дека тинејџерот го имал и синдромот на Нејмар. Симонс не е несреќен во ПСЖ, но едноставно подобро се чувствувал во Барселона.

https://twitter.com/BarcaTimes/status/1189229564096110593

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести