15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Во ПСЖ се создаваат кланови

Атмосферата во редовите на францускиот гигант Пари Сен Жермен е проблематична, пишува тамошниот весник „Л’Екип“. Клубот во којшто се собрани најголем број ѕвезди има клан, и тоа јужноамерикански.

Нејмар, Анхел ди Марија и Лионел Меси решиле на тренинзите да го игнорираат Џорџињо Вајналдум за да може да му помогнат на Ленардо Паредес да го задржи местото во стартниот тим, а Холанѓанецот да остане на клупата за резерви.

Вајналдум летово дојде во ПСЖ како слободен играч од Ливерпул, но засега не ја добива посакуваната минутажа за да се наметне како стандарден член во првиот тим, меѓу сите тие суперѕвезди кои го носат дресот на Светците.

 

- Оглас -

Најнови вести