Килијан Мбапе ја завршти својата приказна во Пари Сен Жермен. Челниците на францускиот првак одлучија да не го носат Мбапе на подготовките во Јапонија, откако фудбалерот ја одби понудата за продолжување на договорот. Според пишувањата, Мбапе одбил понуда вредна една милијарда евра.
По одбивањето на понудата на Мбапе, дојде одлуката тој да не патува со клубот во Јапонија, а потоа стигна и реакција од клубот. „Сите оние кои не се повикани да бидат дел од претсезонската турнеја, не се дел од клупските планови за новата сезона“.
По оваа ситуација, јасно е дека Мбапе сега е ставен на продажба. Неговиот договор е до летото 2024 година, што значи дека ПСЖ едноставно сака да заработи од неговиот трансфер, а не да чека уште една сезона, па фудбалерот потоа да си замине за џабе.
Реал Мадрид е главната опција за Мбапе. Кралевите веќе подолго време се интересираат за него, а по заминувањето на Карим Бензема од „Сантијаго Бернабеу“, се испразни местото за прв стрелец во Реал. Секако тука најдобра опција за замена на Бензема ќе биде Мбапе.
ПСЖ за Мбапе плати 180 милиони евра за да го донесе од Монако, а фактот дека има само уште една година од договорот, Светците сега се подготвени да го продадат за помалку, односно за 100 милиони евра.
Мбапе дојде во ПСЖ во 2017 година и досега одигра 260 натпревари во кои постигна дури 212 голови, а има и 98 асистенции. Летово од ПСЖ си замина и Лионел Меси, што значи дека ако си оди и Мбапе, единствена голема ѕвезда ќе остане Бразилецот Нејмар.