Репрезентациите на Нигерија и ДР Конго вечерва ќе играат во финалето од дополнителниот турнир на африканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026.
Турнирот се игра на неутрален терен, во Мароко, а победникот ќе биде претставник на Африка во интерконтиненталниот плеј-оф, кој ќе се одржи непосредно пред почетокот на Мундијалот во САД.
Репрезентативците на ДР Конго имаат премија од по еден милион евра за победа на дуелот против Нигерија, која им ја вети претседателот на земјата, а доколку успеат да победат и на дополнителниот турнир во САД, тогаш ќе добијат уште повисока премија, која ќе биде изненадување.
ДР Конго единствениот настап на Светските првенства го имаше во 1974 година во Германија, но тогаш настапија под името Заир, кое го променија во денешното во 1997 година.


