Во распадот на бракот на најпознатата светска двојка прсти замешал и Роналдо

Легендарниот квотербек Том Брејди и манекенката Жизел Бундхен, кои важеа за еден од најуспешните и најпознатите брачни двојки во светот на спортот и на шоу-бизнисот, и официјално објавија дека се разведуваат, а своја улога во разделбата има Кристијано Роналдо.

Шпекулациите околу можниот развод започнаа пред неколку месеци, кога 46-годишниот Брејди одлучи да ја прекине пензијата и да се врати во НФЛ-лигата и да одигра уште една сезона за Тампа Беј буканирс.

Медиумите се обидуваат да ги откријат причините за разводот на Брејди и Бундхен, а дел од нив во шпекулациите го вклучија и Кристијано Роналдо.

Брејди минатата година јавно соопшти дека заминува во пензија и дека сака да им се посвети на сопругата и на двете деца, но по неколку месеци, се премисли и ја прекина пензијата, и тоа откако следел натпревар на Кристијано Роналдо.

Брејди бил гостин на еден натпревар на Манчестер јунатед и бил воодушевен од Роналдо, кој таа вечер постигнал хет-трик. Бидејќи Роналдо има 37 години и сé уште игра на врвно ниво, го натерало Брејди да размислува за враќање на теренот.

На крајот, Брејди одлучи да му се врати на американскиот фудбал, но тој потег го чинеше крај на бракот со бразилската манекенка.

- Оглас -

Најнови вести