Во Реал Мадрид го дознаа името на судијата и имаа многу забелешки: „Кога тој суди, ние губиме“

Реал Мадрид лесно ја помина првата препрека во Купот на Шпанија, а сега следи нов предизвик. Кралскиот клуб на 10 јануари ќе игра во полуфиналето од Супер купот на Шпанија, а ривал му е Атлетико.

Токму Јорганџиите му го нанесоа единствениот пораз на Реал сезонава и тоа беше во првенството. По тој пораз, од Реал Мадрид имаа многу забелешки на судењето и главниот арбитар Алберола Ројас.

Токму овој ист судија повторно е делегиран за градското дерби во полуфиналето од Супер купот, а веднаш стигна реакција на телевизијата на Реал Мадрид.

„Тој судија направи сериозни грешки на мечот кој беше единствен што го загубивме оваа сезона“, гласи реакцијата на ТВ Реал Мадрид.

На споменатиот меч на кој судеше Ројас, Реал загуби со 3:1 од Атлетико Мадрид. Забелешките на Реал се дека арбитарот тогаш го поништи погодокот на Камавинга затоа што Рудигер беше во офсајд, а потоа не му доделил црвен картон на Хименез по фаулот над Родриго.

 

- Оглас -

Најнови вести