Во Реал Мадрид им се стемни пред очи кога дознаа кој ќе го суди неделното Ел Класико

Изборот на Рикардо де Бургос Бенгоечеа за главен судија на претстојното Ел Класико в недела на „Камп ноу“ не им се допадна на навивачите на Реал Мадрид.

Реал има големи девет бода негатива зад Барса и само со победа може да се надеваат на некакви шанси за одбрана на титулата, затоа и не им е сеедно што познат „непријател од Билбао“, кој во последно време е близок со „славниот“ екссудиски шеф Негреира, кој зел пари од Барса, ќе им суди во овој можеби клучен меч.

Бенгоечеа има судено двапати на Ел Класико, двата тима победиле по еднаш со 3-1, а и двата меча беа од шпанскиот Суперкуп. Билансот на Кралевите со Бенгоечеа е добар, но кога им суди против Барса, немаат убави спомени.

Во 2017, Реал ја победи Барселона со 3-1 на „Камп ноу“, но при 1-0 Бенгоечеа досуди спорен пенал за домашните, а при 2-1 за Реал му покажа црвен картон на Кристијано Роналдо, и тоа вториот за симулирање при еден дуел со Умтити, што исто така беше крајно спорно и личеше на пенал за Реал, а не обид да глума на Португалецот.

Пред два месеца, Бенгоечеа делеше правда и во Ријад, кога Барселона го совлада Реал со 3-1 во финалето на Суперкупот.

- Оглас -

Најнови вести