Шпанска „Марка“ од свои извори ги пренесува размислувањата на раководството на Реал Мадрид за „судискиот терор“ кој им се случува. Според нив, ова е одмазда за соопштението и жалбата за судењето на мечот против Еспањол, кој „кралевите“ го загубија со 1-0.
Следуваа два идентични нерешенирезултати против Атлетико Мадрид и Осасуна, а посебно внимание привлече црвениот картон за Џуд Белингам поради наводни навреди кон судијата Хосе Мунера Монтеро.
Од Реал Мадрид сметаат дека делегирањето на судиите за последните три меча не е случајно и тоа е одговор на Фудбаслкиот сојуз на Шпанија за критиките кон од страна на раководството на „кралевите“.