Во Реал Мадрид не се задоволни од судењето, побарале во Ла Лига да им судат странски судии

Новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Рафел Лузан, за шпанските медиуми откри дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, од него побарал странски судии на натпреварите од Ла Лига, но првиот човек на Кралевите се обратил дури и до ФС на Англија за да му пратат судии.

„Флорентино чувствува дека кон неговата екипа судиите не се однесуваат исто како кон другите. Ми рече дека морам да го решам овој проблем бидејќи судиите континуирано судат на штета на Реал Мадрид. Според него, Реал изгубил неколку трофеи токму поради судиите“, рече Лузан.

Реал Мадрид постојано е незадоволен од судиите и на клупската телевизија објавува видеа од нивните наводни грешки, што се смета за притисок кон нив, додека останатите екипи од Ла Лига го тврдат спротивното, дека токму судиите му помагаат на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести