17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Во Реал Мадрид се бесни, нема услови за полетување на нивниот авион

Експедицијата на Реал Мадрид се качи во авионот со кој требаше да полетаат кон Памплона каде утревечер треба да играат со Осасуна, но повеќе од два часа се „заглавени“ во авион, бидејќи пилотите не добиваат дозвола за полетување. Пистата е подмрзната и нема услови за полетување, а тоа внесува немир и нервоза кај Кралскиот клуб.

Снежните врнежи во Мадрид се ретки и веројатно Шпанците потешко се справуваат со ситуацијата. Засега не се знае ниту кога ќе полетаат и дали воопшто тоа ќе се случи вечерва, и дали мечот со Осасуна ќе се игра утре или можеби в недела. И во Памплона се очекува да има снег, па ако на теренот нема услови за играње, тогаш средбата ќе треба да се одложи.

- Оглас -

Најнови вести