15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Во Реал Мадрид се сигурни дека Белингам нема да игра против Македонија

Повредата на рамото на Џуд Белингам поради која не можеше да игра за Реал Мадрид на претходните два меча со Брага и Валенсија, најверојатно ќе го спречи да игра за англиската репрезентација на дуелите со Малта и Македонија.

Најверојатно нема да се ризикува со него за мечевите кои на Англичаните не им се од пресудно значење.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ја коментираше ситуацијата на Белингам кој сезонава е во страшна форма.

„Тој в понеделник ќе оди во Англија, ќе биде прегледан од докторот на репрезентацијата и очекуваме да се врати во Мадрид. Штом не можеше да игра за Реал Мадрид, јасно е дека не може да игра ни за националниот тим. Верувам дека по завршувањето на репрезентативната пауза, ќе може да се врати на терен“ – рече Анчелоти.

Следен меч на Реал е гостувањето кај Кадис на 26-ти ноември, а три дена подоцна го пречекуваат Наполи.

- Оглас -

Најнови вести