Во Реал не се среќни со изборот на судија за вечерва, со овој арбитар Атлетико не знае за пораз

Клупската телевизија на Реал Мадрид, РМТВ, објави прилог во кој се изразува незадоволство од изборот на судија за вечерашниот дуел од Купот на Шпанија во фудбал.

Реал треба да му гостува на Атлетико на „Ванда Метрополитано“, а се игра само еден меч, нема реванш.

Пред само осум дена, Реал го порази Атлетико со 5-3 во полуфиналето на Суперкупот, сега Јорганџиите имаат шанса да се реваншираат против актуелниот освојувач на шпанскиот куп. Секако и белите имаат големи мотиви, никој не сака да загуби градско дерби, а во Реал се жалат за делегирањето на судијата Куадра Фернандес.

Во прилогот на РМТВ, објавено е како овој судија му има поништено регуларен гол на Реал, а се жалат и дека не реагирал после еден старт на Хименес над Родриго кој според Кралевите бил за црвен картон. Затоа пак, во сезоната 2020/2021, Фернандес не се двоумел да го исклучи Милитао во градското дерби за сличен фаул како тој на Хименес.

На судија од Реал му замеруваат и за еден поништен гол на Винисиус против Севилја, а прилогот завршува со заклучок: „Случајно, Атлетико не знае за пораз со овој судија“.

- Оглас -

Најнови вести