Лионел Меси има свој хотел во Андора, а во менито кое се нуди во ресторанот на хотелот, меѓу десертите се наоѓа и специјалитетот „Златна топка“. Ова благо задоволство чини 24 евра.
Во ресторанот се нудат сите омилени јадења на аргентинската фудбалска мегаѕвезда, а посебен специјалитет е десертот инспириран од освојувањето на седум „Златни топки“ за фудбалер на годината од страна на Меси.
Станува збор за голема чоколадна фудбалска топка полнета со крем, кикирики, шеќерен памук и уште некои интересни додадоци.
Погледнете како изгледа подготвувањето на „Златната топка“: