Специјално од Римини, Трајан Маневски
Вардар е во Сан Марино, во пресрет на реванш-мечот од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА проитв екипата на Ла Фиорита. Додека Црвено-црната експедиција е во една од најмалите држави во светот, новинарите се на 30-тина километри одалечени, во познатата монденска летна дестинација Римини.
Вардар во Сан Марино допатува со убава предност од 3:0, а без дилема, сите очекуваат најтрофејниот македонски клуб в четврток да забележи нова победа над Ла Фиортина, овојпат на гости и да го визира местото за второто квалификациско коло.
Во второто коло од квалификациите, Вардар ќе игра со тимот на Лозана. Така посакажа ждрепката што ја направи УЕФА. Дека Лозана е следната дестинација на Вардар, како патоказ покажа и хотелот кој е веднаш со местото каде што се сместени новинарите.
„Лозана“ е името на хотелот кој е веднаш до нашето сместување. Едноставно, големите букви на кои пушува Лозана како да го покажува патоказот за следниот европски предизвик.