14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Во Рома не остана никој од составот кој ја победи Барса со 3-0 во 2018 година

Рома во пролетта 2018 година извојува незаборавна победа против Барселона од 3-0, по која ги елиминираше Каталонците од Лигата на шампионите, откако Барса на првиот меч победи со 4-1.

Од почетниот состав на Рома кој таа вечер во Рим тргна против Меси и другарите, во редовите на Волчицата не остана веќе никој.

Последен што си заминува е Федерико Фасио. Аргентинецот го раскина договорот со Рома, и сега во клубот веќе нема никој од тимот што на чудесен начин ја совлада Барселона.

Тогаш стартери беа: Алисон Бекер, Фасио, Манолас (Гркот беше стрелец на третиот решавачки гол), Хуан Жезус, Флоренци, Стротман, Де Роси, Коларов, Наинголан, Џеко и Шик.

- Оглас -

Најнови вести