Во САД: Деца играа бејзбол кога почнаа рафални истрели на сите страни (Видео)

Во Соединетите американски држави не е ретко да има пукање на јавни места, но тоа што се случи во Јужна Каролина е посебно застрашувачки. Деца играа бејзбол меч кога во еден момент почна да се слуша пукање.

Децата прво збунето застанаа, а потоа кога сфатија дека животот им е во опасност, легнаа на земја, а дел од нив избегаа. За среќа, никој не беше повреден во рафалниот напад во кој биле забележани 58 истрели.

Полицијата потоа информирала дека неколку возила застанеле на паркинг во близина на бејзбол игралиштето и дошло до вооружен судир на две банди.

https://twitter.com/i/status/1518946846269480960

- Оглас -

Најнови вести