Во САД сите зборуваат за потегот на Дончиќ, постигна поени за победа, па прстот го впери кон Владе Дивац (Видео)

Лука Дончиќ се најде во центарот на вниманието на спортската јавност во САД со потегот кој го направи во последните моменти од мечот меѓу Далас маверикс и Сакраменто кингс.

Дончиќ на четири секунди пред крајот на мечот при резултат 106:103 за неговиот Далас, се најде на линијата за слободни фрлања.

Словенечкиот кошаркар го промаши првото слободно фрлање, а го погоди второто со кое ја завери победата на неговиот тим и потоа веднаш се сврте кон трибините каде во првиот ред седеше поранешниот кошаркар на Сакраменто, Владе Дивац.

Дончиќ почна да гестикулира кон Дивац, а медиумите во САД веднаш овој потег го окарактеризираа како реакција што Владе Дивац како генерален менаџер на Сакраменто, не го избра Дончиќ на драфтот.

 

Дивац на драфтот во 2018 година имаше можност да бира како втор, и наместо Дончиќ, тој се одлучи за Марвин Бегли трети кој никогаш не го оствари потенцијалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести