Во салата во Вараждин „влегоа“ и знамињата со сонцето од Кутлеш (Видео)

Македонската Фаланга добро е загреана за поддршка на ракометарите во Вараждин, а многумина од нив во салата го внесоа и старото знаме на Македонија со сонцето од Кутлеш.

Имаше информација дека ИХФ и организаторите на СП ќе забрани влез на „спорни“ знамиња кои не се официјални државни, но според она што може да се види, макекдонските навивачи ги истакнуваат двете знамиња кои ги чувствуваат како свои.

На половина час пред мечот со Унгарија, јасно е дека Македонија ќе има многу поголема поддршка, а еве како се забавуваат фановите во Вараждин:

- Оглас -

Најнови вести