Во Сампдорија си најдоа македонски непријател – Илија Несторовски (Фото)

По три поништени голови, Илија Несторовски на гостувањето кај Сампдорија конечно даде гол кој му беше признат и тоа е негов прв официјален погодок за Удинезе. Прилепчанецот не е омилен кај фановите на Сампдорија и потсетија на една случка од пред три години.

Кога играше за Палермо, Несторовски даде гол на „Луиџи Ферарис“ и на навивачите на Самп им порача да молчат ставајќи го показалецот преку уста. Вчера кога даде гол, Нестор „бараше“ ВАР, за секој случај, и овој гол да се провери дали е регуларен. Овие два геста ги налутија навивачите на Сампдорија кои испратија провокативна порака до Македонецот.

Македонскиот репрезентативец го анализираше мечот.

„Конечно ми признаа гол. Среќен сум за голот, но тажен што загубивме. Требаше да победиме. До изедначувачкиот гол на теренот се гледаше само Удинезе. По 1-1, нив ги фати еуфорија и исклучувањето на Јајало си го направи своето“, изјави Несторовски, кој се надева дека ќе игра и против Лацио во следното коло.

 

- Оглас -

Најнови вести