Во Сан Себастијан бесни: Пеналот за Хетафе всушност е фаул во напад (видео)

Реал Сосиедад вчера загуби со 2-1 на гостувањето кај Хетафе и го претрпе четвртиот последователен пораз во Ла Лига. Екипата од Сан Себастијан е без победа по продолжувањето на сезоната и освои само еден бод, а во клубот се бесни за еден голем пропуст на судиите кој резултираше со ново разочарување.

Пеналот кој го изнуди Дуро всушност треба да биде фаул во напад бидејќи го нагази на ногата Ле Норман. Ситуацијата е јасно видлива, но сепак, судијата Вега додели најстрога казна во корист на домаќините која ја реализира Мата.

Против Реал Сосиедад се досудени седум пенали во изминатите шест кола, што е дополнителна мака за екипата која остана без надежи да се пласира во Лигата на шампионите, а може да остане и без пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести