За разлика од Македонија каде што после паѓање на снег се одложуваат натпревари и цели кола, во Босна и Херцеговина утрово падна снег, но тоа не ги изненади луѓето во ФК Сараево, па теренот беше оспособен за играње.
Сараево на тренерот Александар Васоски, го пречека последнопласираниот Рудар Пљевља, и со разби со 6-0, а петтиот гол беше дело на Даниел Аврамовски. Крсте Велкоски не влезе во игра.
Ова е втор меч по ред на домашен терен на кој Сараево дава шест гола. Целта на тимот на Васоски е сезоната да ја заврши на трето место, а во моментов се четврти, со три бода помалку од третиот Бора Бања Лука.