Фудбалската федерација на Саудиска Арабија вети дека ќе го коригира кодексот на однесување на навивачите по минатонеделниот срамен инцидент за време на Суперкупот, кога еден навивач камшикуваше фудбалер на Ал-Итихад, каде што прва ѕвезда е Карим Бензема.
Ал-Итихад во финалето на Суперкупот загуби со убедливи 4:1 од Ал-Хилал, кој е пред освојување на двојата круна.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како фудбалерот на Ал-Итихад, Абдеразак Хамдал, влегува во вербална расправија со навивач на трибините и потоа го поли со шише вода. Навивачот одговори така што го удри фудбалерот со камшик.
https://twitter.com/i/status/1778518162310631694
https://twitter.com/i/status/1778508600157053215
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и здружението на фудбалери порачаа дека се шокирани од сцените и додадоа дека нивен приоритет ќе биде безбедноста на сите на стадионите.
„Ќе спроведеме ригорозна ревизија на кодексот на однесување на гледачите. Оваа ревизија ќе резултира со примена на нови прописи и мерки за санкции за да не се повторуваат вакви инциденти.