12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Во Саутхемптон не им било верно кога дознале за интересот на Арсенал околу Седрик

Управата на Саутхемптон останала без зборови откако добила повик од Арсенал за услугите на десниот бек Седрик Соареш. Португалскиот репрезентативец е едно од зимските засилувања на Топчиите кој на „Емирати“ пристигна на шестмесечна позајмица, а за него издвоија пет милиони фунти.

Она што ги зачудило Светците е што Арсенал се согласи да го ангажира Седрик и воедно да плати за него иако по крајот на оваа сезона тој ќе биде слободен играч. Дополнително Седрик во Лондон пристигнал повреден, наводно истегнал лигаменти на коленото во дуелот против Кристал палас, кој се одигра во средината на претходниот месец.

Се очекувало Седрик да го напушти Саутхемптон во зимскиот преоден рок, меѓутоа да заигра во клуб од втората англиска лига или да биде испратен во некоја послаба екипа од европските лиги.

- Оглас -

Најнови вести