Во сенка на дуелот со Реал Мадрид, Граѓаните го договорија првото големо летно засилување

Додека фудбалската јавност е фокусирана на вчерашните и вечерашните четвртфинални дуели во Лигата на шампионите, Манчестер сити го договори првото големо летно засилување.

Според англиските медиуми, нов играч на Манчестер сити од следната сезона ќе биде бразилскиот репрезентативец и член на Вест хем, Лукас Пакета.

https://twitter.com/SelecaoTalk/status/1777418107155272056

 

Наводно се е завршено меѓу двете страни, а работите околу договорот се забрзани по барање на менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола.

За трансферот да биде комплетиран останува уште двата тима да најдат заеднички јазик за отштетата, но се очекува преговорите експресно да завршат поради желбата на Пакета налето да си замине од Вест хем.

Сити и минатото лето се обиде да го ангажира Пакета, но тогаш челниците на Вест хем одбија да преговараат за трансфер.

- Оглас -

Најнови вести