Михаел Олис е фудбалерот кој блесна во дресот на Кристал Палас во сезоната која што измина. Олис даде 10 гола во 19 меча во Премиер лигата и веднаш се најде во фокусот на најголемиот дел од гигантите во англиското првенство. Иако се очекуваше Олис да замине во некој поголем англиски тим, тој сепак се реши да го одбере најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен.
Двата тима ги договориле условите и се очекува Олис да биде промовиран во нов играч на Баерн Минхен. Олис кој игра како офанзивен играч за врска е поранешен младински репрезентативец на Франција, но има и англиско државјанство.
Освен Олис, на прагот од Баерн Минхен е и Хакан Чалханоглу. Капитенот на турската репрезентација кој е дел од тимот на Интер, се очекува да замине во германскиот гигант за трансфер вреден околу 50 милиони евра.