Иако во фокусот е дербито меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, со сигурност можеме да кажеме дека средбата меѓу Лацио и Удинезе е една од најлудите, ако не и најлуда за 2021 година.
Конечниот резултат на крајот изнесуваше 4:4, а на полувремето гостите имаа предност од 1:3, но на крајот се спасуваа од пораз, сепак да одиме по ред.
Илија Несторовски не доби шанса, а Бето со головите во 17-тата и во 32-рата минута донесе предност за гостите од Удине од 0:2, а само неколку минути подоцна, по втората радост за гостите, резултатот го намали Милинковиќ-Савиќ.
Но, тука не беше крајот на головите во првиот дел откако Молина во 44-тата минута донесе предност од 1:3, со што се замина на полувреме.
Во првите 10 минути од продолжението, Лацио стигна до израмнување со головите на Педро и Милинковиќ-Савиќ, за дефанзивецот на домашниот тим Патрик да добие исклучување во 56-тата минута, а силите на теренот се израмнија откако Молина исто така беше испратен предвремено во соблекувалната.
Ачерби донесе предност за Лацијалите во 79-тата минута, а кога се мислеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, гостите дојдоа до израмнување во, верувале или не, 99-тата минута, и тоа преку Арслан.
Тука не запреа возбудувањата бидејќи во стотата минута, Валас направи неспортски потег и доби директен црвен картон, што воедно беше и последниот интересен момент од оваа неверојатна средба.
Хајлајтсот можете да го погледнете на овој линк.