Во септември ќе се играат квалификации за СП без гостински навивачи

УЕФА ја послуша сугестијата на ФИФА и одлучи да забрани патување на гостински навивачи во септемврискиот циклус натпревари од квалификациите за настап на Мундијалот во Катар што ќе се игра идната година.

Тоа значи дека во Скопје на втори септември на националната арена „Тодор Проески“ ќе нема ерменски навивачи, ниту романски на 8. септември во нов дуел од филтер рундата за настап во Катар.

Истото важи и за македонските симпатизери кои нема да можат да присуствуваат на дуелот со Исланд во Рејкјавик на петти септември во меч од петтото коло.

Забраната на УЕФА важи за сите репрезентации што ќе играат во септември, а мерката е поради пандемијата со Ковид-19.

Во октомври Македонија очекува спектакл и тоа на празникот на 11. октомври, кога ќе ни гостува фудбалската велесила Германија, но засега е нејасно дали забраната ќе продолжи, или ќе биде укината, во зависност од пандемијата со корона-вирус.

На 31. март кога ја победивме Германија во Дуисбург со 2:1 на трибините воопшто немаше навивачи на трибините, порад локдаунот во Германија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести