Во Серија А е можно кратење на платата, но само на одредени фудбалери

Веќе 10-тина дена трае прекинот на италијанското првенство поради пандемијата која ја предизвика Коронавирусот. Според најавите, мечевите во Серија А ќе се вратат на програмата дури на почетокот на мај. Доколку не биде завршено првенството во предвидениот период и не се одиграат сите мечеви, како еден од предлозите за намалување на трошоците е да бидат намалени платите на фудбалерите.

Според пишувањата на италијанските медиуми, играчите кои заработуваат повеќе од 1,5 милиони евра по сезона би добиле помала плата за 30 отсто.

Од играчите кои се во Серија А, убедливо најголема плата заработува Кристијано Роналдо во Јувентус. Првата ѕвезда на Старата дама годишно заработува 31 милион евра. Ако се усвои предлогот за намалување на 30 отсто од платата, Роналдо месечно би добивал 775.000 евра помалку од предвиденото.

- Оглас -

Најнови вести