15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Во Серија А имаат план Б ако корона-вирусот повторно земе замав

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) најави дека се разгледува и друго сценарио доколку опасниот корона-вирус повторно земе замав во земјата. Во Серија А се очекува продолжување на сезоната и одигрување на преостанатите натпревари, но доколку нема простор да се доиграат сите кола, може да се направи плејоф систем.

Според договорот на челниците во фудбалска Италија, ако повторно драстично се зголеми бројот на заразени, можно е да се направи првите четири екипи да разигруваат за титулата. Како и да се доиграат мечевите, планот е првенството да заврши до 20 август, додека Купот на Италија треба да заврши најдоцна до 31 август. Засега јасно е дека фудбал во Италија нема да има пред 14 јуни.

Што се однесува до следната сезона, планот е новото фудбалско првенство во Италија да започне на 1 септември, што значи дека фудбалерите фактички нема да имаат време за одмор меѓу двата шампионати.

- Оглас -

Најнови вести