Екипата на Кремонезе долго време чекаше да дојде во Серија А, а откако сезонава се најде во елитата, едноставно не може да победи. Во 23 кола сезонава, Кремонезе има девет нерешени и 14 порази, па убедливо е закована на дното од табелата.
Кремонезе не само што е единствен тим без победа во италијанското првенство, туку тоа е екипата што е единствена без радост во Топ 5 лигите во Европа.
На 23-те кола од оваа сезона, ако се додадат и последните седум меча од тоа кога последен пат биле дел од Серија А, Кремонезе заокружи 30 средби без победа во италијанското првенство (10 нерешени и 20 порази). Со овој биланс е израмнет најнеславниот рекорд на Анкона, која во 1993 година, кога беше прволигаш и во 2004 година, нареди 30 средби без победа во Серија А.
30 – #Cremonese have failed to win each of their last 30 matches in Serie A (D10 L20), equalling the longest run without victory in Serie A history: 30 games in a row, alongside Ancona between 1993 and 2004. Wait.#TorinoCremonese
— OptaPaolo (@OptaPaolo) February 20, 2023