Фудбалерите на Интер продолжуваат со одличните игри сезонава и сигурно чекор кон освојување на титулата. Нераѕурите вечерва со убедливи 4:0 го совладаа Лече на гости и ја остварија седмата победа во низа во Серија А.
https://twitter.com/IFTVofficial/status/1761805214271647974
По 26 кола, Интер и лидер на табелата со 66 освоени бодови и има само еден пораз, додека второпласираниот Јувентус има девет бода помалку. Ова е трет натпревар по ред во Серија А на кој Интер постигнува четири гола, претходно беа совладани Рома со 4:2 и Салернитана со 4:0.
Исто така, Нераѕурите со триумфот соборија клупски рекорд, тие на 20-ти натпревар по ред даваат гол на гости.
Победата на Нераѕурите ја најави Лаутаро Мартинез со голот во 15-тата минута и тоа беше резултат од првото полувреме.
https://twitter.com/OptaPaolo/status/1761804948268781941
Со овој гол, Аргентинецот стана третиот странец кој постигнал барем 100 гола за Интер во Серија А. Пред него тоа им успеало само на Стефано Ниерс и Мауро Икарди.
Во второто полувреме, Давиде Фратези во 54-тата минута зголеми на 0:2, а само две минути подоцна Мартинез го постигна својот втор на мечот.
Конечниот резултат го постави Стефан де Фрај во 68-та минута.