Во Серија А се најавуваат историски промени

Форматот на натпреварувањето во италијанската Серија А може да претрпи големи промени. Ова го најави претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина. Тој размислува за идеја да се направи еден вид плејоф во борбата за титулата во Калчото.

Во Италија веќе осум сезони по ред доминира Јувентус. Најтрофејниот клуб едноставно нема конкуренција во трката за трофејот, па и оваа сезона водеше соло борба за да го одбрани трофејот. Никогаш претходно во историјата на топ 5 лигите во Европа не се случило еден клуб да освои осум титули по ред.

„Фудбалот е во криза. Затоа се потребни некои промени. Заега тоа е научна фантастика, но идејата за воведување плејоф е за размислување. Тоа е наш приоритет. Првенството може да има прва фаза, во која ќе бидат сите екипи, а потоа најдобрите 10 да одат во плејоф, додека полошо пласираните 10 екипи да играат во плејаутот. На тој начин, втората фаза би била многу поинтересна за гледање“, вели Гравина за „Кориере дело Спорт“.

Како за промена, трофејот во Купот нема да заврши во витрините на Јувентус. Вечерва во финалето на Купот ќе играат Лацио и Аталанта.

 

- Оглас -

Најнови вести