Викендов во Серија А изобилуваше со интересни натпревари, а видовме и рекорд кој досега се нема случено во историјата на фудбалот.
Дури четири тренери добија исклучување, што претставува нов рекорд во овој спорт, односно од кога се воведени картоните, а тоа е во 1970 година.
Најпрвин Џанпјеро Гасперини беше испратен на „ладење“ во последните мигови од средбата Аталанта – Удинезе, а потоа Жозе Мурињо и Лусијано Спалети беа исклучени на дербито меѓу Рома и Наполи.
И на двајцата тренери на дербито во Рим беше изречена суспензија од по еден натпревар, а за Мурињо ова е прва казна од федерацијата откако дојде на кормилото на Римската волчица.
Симоне Инзаги, пак, „полуде“ по досудениот пенал за Јувентус во самата завршница и беше испратен на трибините на „Џузепе Меаца“.
Ова е најголем број црвени картони во едно коло во топ 5 лигите, рекорд кој е поставен сега, а којзне кога ќе биде урнат.