Романските медиуми со голем интерес известуваат за вечерашниот дуел на Шкендија ФЦСБ од квалификациите за Лигата на шампионите, а според информациите кои ги добиле од домаќините, вечерва на трибините на Арената „Тодор Проески“ се очекува да има околу 7.000 гледачи.
Од македонскиот шампион прогнозираат дека ќе има 7.000 гледачи, или можеби малку повеќе.
Шкендија била информирана и дека само 50-мина навивачи на ФЦСБ ќе бидат на натпреварот. Првично се зборувало за бројка од 100 романски фанови, но сепак изгледа ќе бидат 50-мина кои ќе треба да платат билет по цена од 5 евра.