Во Шкендија се покажаа како лоши пеналџии, испаднаа од аутсајдерот

Шкендија изненадувачки е елиминирана од Конференциската лига, откако на пенали загуби од велшки Хаверфордвест.

После 120 минути игра беше 1-0, резултатот со кој тетовци славеа на првата средба, па пеналите решаваа кој да оди понатаму на мегдан против Б36 од Фарски острови.

Чинари, Адили и Рамадани не ги реализираа своите шутеви од белата точка. Адили ја погоди стативата, а голманот ги одбрани ударите на Чинари и Рамадани, па Велшаните се радуваа на крајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести