Веќе една година ФИФА и УЕФА го избришаа правилото за гол постигнат на гости да вреди како „два“, па фактот дека Шкупи постигна два погодоци во Загреб, не го става македонскиот првак во предност за да калкулира и игра на 0:0 или 1:1.
Тоа значи дека тимот кој ќе оди во следната фаза, едноставно утре ќе мора да победи, дали во регуларно време или 120 минути, евентуално на пенали.
„Во овие неколку денови на тренинг ги пробувавме сите варијанти, па и шутирање на пенали. Сепак, мислам дека победникот ќе биде познат пред да се дојде до изведување на пенали”, вели тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

