Во Шпанија 90 отсто од судиите се за Реал Мадрид, а 10 отсто се за Барселона

Кога се работи за Реал Мадрид и Барселона, често има дилеми околу тоа дали двата најтрофејни клуба во Шпанија добиваат помош од судиите. Поранешниот арбитер Итуралде Гонзалез зборуваше на таа тема и според негово мислење, сите луѓе, освен тие што се од Билбао, навиваат за Реал Мадрид или Барселона.

„Деведесет отсто од судиите навиваат за Реал, а останатите десет отсто се за Барселона. Судиите во Шпанија не доаѓаат од Марс. За да станете судија, мора да го сакате фудбалот, а ако го сакате фудбалот, сигурно имате и омилен тим. Јас имав среќа да се родам во Билбао, каде што сите луѓе навиваат за Атлетик. Сепак, останатите луѓе најчесто се или за Реал Мадрид или за Барселона затоа што тоа се клубови кои имаат победнички менталитети. Судиите во шпанското првенство главно навиваат за Реал, но тоа не значи кога му судат на гигантот од Мадрид дека не се професионалци“, вели Гонзалез.

- Оглас -

Најнови вести